Уште еден играч на Баерн (Минхен) беше позитивен на тестот за Ковид-19, се работи за Алфонсо Дејвис. Канадскиот дефанзивец стана деветтиот играч во тимот што е заразен и ќе мора да биде во карантин.
Останатите осум се Мануел Нојер, Лука Хернандез, Кингсли Коман, Лерој Сане, Корентин Толисо, Дајо Упамекано, Нианзу Куаси, а Чупо-Мотинг и Буна Сар се со своите репрезентации во Африканскиот куп на нации.
Денешниот тренинг го пропуштија Леон Горецка и Никлас Зуле кои имаат повреди. Така речиси е извесно дека на воведниот натпревар за вториот дел од сезоната во Бундеслигата меѓу Баерн и Борусија (Менхенгладбах), кој треба да се одигра во петок, Баерн ќе има големи проблеми. Денеска само десет играчи од првиот тим тренираа под водство на Јулијан Нагелсман.

