Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Раководството на Барселона му понуди на Њукасл Јунајтед да го позајми Французинот до крајот на оваа сезона со можна опција за откуп, пишува „Дејли Меил“.
Претходно во медиумите се појави информација дека централниот бек е приоритетна трансфер цел на Њукасл во зимскиот преоден рок. „Марка“ напиша дека англискиот клуб е подготвен да понуди 20 милиони евра за
Самуел Умтити. 28-годишниот Умтити оваа сезона учествуваше на еден натпревар од шпанското првенство, а игра за Барселона од 2016 година. Договорот на дефанзивецот со клубот е до јуни 2023 година.

