Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговите фудбалери заслужено победија на гостувањето кај Венеција во новата рунда во Серија „А“.
„Денешниот натпревар изгледаше лесен. Тоа го направивме затоа што пристапивме на вистински начин и одлучно. Бевме уморни бидејќи повредите не принудија да ги користиме истите играчи. Божиќниот одмор ни помогна да си ја вратиме енергијата и формата“ – вели Пиоли.
„Извлековме поука од позитивните и од негативните моменти. Видовме дека неколку помлади играчи достигнаа повисоко ниво на зрелост. Треба само да работиме со ентузијазам и интензитет“ – вели тренерот на Милан.

