25-годишниот фудбалер, Адама Траоре, кој потекнува од школата на Барселона, може да се врати кај Каталонците.
Играчот на Вулверхемптон кој претходно настапуваше за неколку англиски екипи, има трансферна вредност од 30-35 милиони евра. Траоре за „волците“ има одиграно 152 меча и постигнато 10 гола.
Претставници на Шпанскиот гигант деновиве се сретнале со агентот на играчот, Жорге Мендеш.