Лион ја зголеми понудата за напаѓачот на Зенит, Сердар Азмун. Според најновата понуда која стигнала во канцеларијата на рускиот клуб, Французите сега нудат 6 милиони евра, како и бонуси за потписот на Иранецот.
Претходно беше објавено дека Јувентус покажува интерес за Азмун. Клубот од Санкт Петербург побара 20 милиони евра за напаѓачот.
Со оглед во големата разлика во понудата и побарувачката, прашање е дали Русите ќе му дозволат на Азмун да ја промени средината оваа зима.

