Филипе Кутињо и официјално е преставен како ново засилување за екипата на Астон Вила. Бразилецот кој е некогашен фудбалер на Ливерпул дојде како позајмен во Бирмингем од екипата на Барселона до крајот на сезоната.
Фудбалерот веќе вчера беше премовиран со новиот дрес со бројот 23 со кој ќе настапува во вториот дел од сезоната.
Кутињо ќе може да дебитира за „Вила“ на натпреварот од 22. коло на англиската Премиер лига со Манчестер Јунајтед кој ќе се одигра на 15 јануари.

