Фудбалерот, Фелипе Кутињо, кој до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Астон Вила како позајмен од Браселона, вели дека тренерот, Стивен Џерард, имал голема улога за неговата одлука.
„Немав никакви дилеми и сакав да го направам тоа што побрзо. Чекам да се сретнам со фановите и да покажам што знам“ – вели бразилскиот фудбалер.
Кутињо ќе игра како позајмен на „Вила Парк“ до крајот на сезоната во Премиер-лигата а потоа ќе може да потпише долгорочна соработка доколку тоа му го понудат челниците на тимот.

