Актуелниот шампион на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ е ставен во ждрепката за турнирот во машка конкуренција оваа година, и покрај неговиот нејасен статус и можноста да му биде одземена визата по вторпат. Во Австралија сите се во очекување на одлуката на австралискиот министер за имиграција Алекс Хок. Тој треба да одлучи дали сам ќе ја искористи својата моќ за да му ја одземе визата на Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ не е вакциниран против КОВИД-19 и се обидува да учествува на Австралија опен со документација за медицинско изземање.