Менаџерот на англискиот Ливерпул, Јирген Клоп, го подрржа Мохамед Салах во преговорите со клубот за нов договор.
„Знам дека Салах сака да остане во Ливерпул. И ние сакаме тој да остане. Но, овие работи бараат време. Мислам дека засега се е во ред. Прилично сум сигурен дека фановите не се толку нервозни како вие медиумите“, изјавил Клоп.
Преговорите меѓу сопствениците на Ливерпул и агентот на Салах за нов договор започнаа пред почетокот на оваа сезона, но засега нема конкретен договор.

