Лион категорично одбива да се раздели со дефанзивецот Емерсон Палмиери кој настапува како позајмен од Челзи до крајот на сезоната.
„Сините“ од Лондон сакаат предвреме да го вратат бразилскиот фудбалер, но, тоа не им го дозволуваат Французите. Екипата од Англија очајно бара засилување на левата бековска позиција откако се повреди Бен Чилвел кој ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Од другата страна, Емерсон стана главен играч на Лион. Во Лига 1 има 16 натпревари и 1 гол.

