Дефанзивецот на Спартак (Москва), Александар Ешченко, ја заврши кариерата. 37-годишниот поранешен руски фудбалски репрезентативец ќе стане дел од стручниот штаб на „црвено-белите“.
Ешченко запиша вкупно 109 натпревари и постигна 1 гол за Спартак откако потпиша во 2016 година. Тој еднаш беше шампион и го освои Суперкупот на Русија.
Неговиот договор беше до крајот на сезоната, но дефанзивецот избра да го прекине и да се повлече од теренот.