Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Jунајтед, планираат да го испратат Дони ван де Бек на позајмица во друг клуб до крајот на сезоната.
Во игра се наводно Њукасл и Борусија Дортмунд. Холанѓанецот кој не влегува во плановите на тренерот Рангник, во 2019 година беше купен од Ајакс за големи 40 милиони фунти, но, не ги оправда очекувањата.
Се наведува дека Њукасл е посебно заинтересиран да го обезбеди неговиот потпис.