Фудбалерот, Филипе Кутињо, кој се врати во Премиер-лигата во дресот на Астон Вила и веднаш погоди на вчерашниот меч со Манчестер Јунајтед, призна дека е среќен што повторно ќе игра во најсилната конкуренција на Англија.
„Ми недостасуваа мечеви и Премиер-лигата. Среќен сум што сум тука со новите соиграчи. Ова беше добар старт, бидејќи верувавме во добар резултат до крајот“ – вели Кутињо кој настапува како позајмен од Барселона.
„Имав многу проблеми, но тоа е во минатото. Сега сум тука и фокусиран сум на клубот “ – додава Кутињо.