Играчот од средниот ред на Реал (М), Лука Модриќ, синоќа беше прогласен за најдобар играч во финалето на шпанскиот Суперкуп. Хрватот го постигна првиот гол во победата (2:0) над екипата на Атлетик Б. со која Реал дојде до 12-от трофеј во ова натпреварување и стигна на само чекор до рекордот на Барселона (13).
36-годишниот Хрват го постигна победничкиот гол и исто така постави рекорд, со тоа што стана најстариот голгетер во историјата на турнирот.