Во екипата на Дебрецин ќе настапува уште еден Бабунски, откако Дориан му се приклучи на својот брат Давид и во иднина двајцата ќе го носат дресот на унгарскиот тим.
Имавме можност да разговараме со Давид Бабунски кој беше пресреќен што заедно со него ќе настапува и неговиот брат Дориан. Давид истакна дека ова е историски момент за двајцата и верува дека со Дориан тимот ќе биде многу посилен во иднина.
„Порано игравме еден против друг, во Јапонија, а сега првпат ќе делиме соблекувална. Среќни сме што ќе носиме ист дрес, ова е историски момент за двајцата. Тука сум да му помогнам, но со оглед на тоа како играше Дориан во претходнот година, мислам дека тој со своите голови повеќе ќе ни помогне нас. Имаме добра екипа, работиме напорно и квалитетно и сигурен сум дека ќе бидеме уште посилни со него“, рече Давид во разговорот за Спортско радио 90,3 ФМ.
Дориан му се приклучи на својот брат Давид откако потпиша договор на две и пол години со унгарскиот тим.

