Бидејќи Ралф Рангник, времено ја извршува улогата на тренер на Манчестер Јунајтед пред да се активира во управата на клубот, челниците размислуваат да назначат постојан менаџер уште пред крајот на сезоната.
Според наведеното од страна на – „Манчестер Ивнинг Њуз“, управата се откажала од идејата Германецот да го води тимот до летото и затоа работи напорно да назначи нов тренер.
Како фаворити за клупата на „Олд Трафорд“ се издвојуваат: Маурисио Покетино, Ерик тен Хаг и Брендан Роџерс.

