Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, најавил дека ќе си замине од клубот доколку „кралевите“ го обезбедат потписот на Ерлинг Халанд.
Големата фудбалска ѕвезда на Норвешка според одредени информации не крие дека сака да ја напушти екипата на Борусија Дортмунд и дека има симпатии кон шпанскиот состав.
Доколку корпулентиот играч се пресели на Пиринеите, тогаш Бензема кој има договор до 2023 година веројатно ќе побара да си замине.

