Судијата Марко Сера им се извини на играчите на Милан за грешката што ја направи на натпреварот со Специја.
При резултат 1:1 во продолжението, Жуниор Месијас го постигна вториот гол за Милан, но, судијата не го призна бидејќи секунда пред тоа досуди прекршок во корист на „росонерите“ и не дозволи предност.
Веднаш потоа во последните секунди од судиското надополнување Специја дојде до победата со голот на Џеси.