Прес-службата на ПСЖ ја објави медицинската состојба во тимот. Беше потврдена повредата на францускиот напаѓач Килијан Мбапе и времето на закрепнување на бразилскиот напаѓач Нејмар.
„Килијан Мбапе се лекува од болки во левиот адукторски мускул. Во петок ќе биде направен преглед за да се процени динамиката на повредата. Нејмар продолжува со тренинзите по индивидуална програма. Тој треба да се врати во составот на почетокот на следната недела“, пишува на официјалната веб-страница на Пари Сен Жермен.
Претходно се дозна дека Парижаните упатиле импресивна понуда до Килијан Мбапе, вклучувајќи и двегодишен договор со многу поволни услови за фудбалерот. Забележано е дека Французинот и неговите претставници го известиле клубот дека одлука за понатамошна соработка нема да биде донесена до летото, бидејќи напаѓачот настојува целосно да се фокусира на тековната сезона. Реал Мадрид е уверен дека Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.

