Екипите од Лигата на шампионите, Реал Мадрид, Челзи, Пари Сен Жермен или Лил, може да дојдат во ситуација да настапат без фудбалерите кои не се вакцинирани во продолжението од сезоната.
Од понеделник во Франција стапува на сила правилото според кое невакцинираните не смеат да учествуваат на спортски настани. Реал и Челзи таму ќе гостуваат во рамките на осмина-финалните битки во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и Лил. Правилото ќе важи и за играчите на француските клубови кои се во Лига Европа и Конференциската лига.
Станува збор за Лион, Монако и Марсеј. УЕФА може да побара од француските екипи да понудат друг стадион како алтернатива и тоа надвор од земјата.

