Синоќа беше одигран реванш полуфиналниот натпревар од Карабао купот или Лига купот на Англија помеѓу Арсенал и Ливерпул.
Натпреварот заврши со победа на Ливерпул од 2:0, а оваа победа го однесе Ливерпул во ново финале од ва натпреварување. Ова ќе биде 13-ти. финален натапревар на Ливерпул во Лига Купот во нивната клупската историја, нов рекорд во ова натпреварување. Во изминатите 12 финалиња, Ливерпул забележал осум победи и четири порази.
Со головите на Диого Жота, Ливерпул успеа да го совлада Арсенал со 2:0 и да си закаже финален дуел со Челзи кој претходно обезбеди место во натпреварот за трофејот во Лига купот на Англија.