Њукасл ја зголеми понудата за играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Бруно Гимараеш, тврди „Л‘Екип“. Веќе вчера англиските медиуми објавија дека двата клуба се договориле за зделка вредна 40 милиони евра.
Меѓутоа, Лион потоа излезе со официјално соопштение во кое ги демантираше овие информации. Денес, сепак, договорот изгледа е повторно блиску до официјализирање, откако Њукасл додадоа уште два милиони за зголемување на понудата, плус потенцијални дополнителни 10 милиони во вид на бонуси.
Очекувањата се дека овој пат Олимпик Лион ќе ја прифати понудата и Бразилецот ќе стане третото ново засилување на Њукасл оваа зима по Трипер и Вуд.