Играчот за врска на екипата на Тотенхем, Ндомбеле, веќе пристигнал во Франција.
Како што објавија француските медиуми, фудбалерот на лондончани во текот на денешниот ден треба д аго финализира трансферот во екипата на Олимпик Лион. Се зборува дека станува збор за позајмица до крајот на сезоната, со тоа што Лион ќе добие право на откуп на неговиот договор.
За време на позајмицата Лион ќе ја исплаќа комплетната негова плата.