ПСЖ планира да се раздели со 33-годишниот ветеран, Анхел ди Марија, кој има договор до крајот на јуни.
Фудбалерот сака да остане на Паркот на принцовите уште една година пред да се врати во татковината за да ја заврши кариерата. Сепак, газдите од Париз немаат намера да му понудат продолжување на договорот.
Аргентинецот беше купен од Манчестер Јунајтед во 2015 година. Тој за ПСЖ одигра 283 натпревари на кои постигна 91 гол и направи 115 асистенции.