Раководството на Борусија Дортмунд речиси се договори за трансферот на напаѓачот на РБ Салцбург, Карим Адејеми. Ова го пренесува инсајдерот Фабрицио Романо на својот „Твитер“ профил.
Според изворот, преговорите за потпишување на договор со напаѓачот траат од ноември. Клубот е уверен дека ќе постигне целосен договор со Салцбург во наредните недели. Адејеми е главната цел на Борусија по потпишувањето на договорот со Никлас Зуле. Претходно беше објавено дека Барселона понудила 40 милиони евра за напаѓачот на австрискиот клуб, а Борусија пак е подготвена да плати 35 милиони евра плус бонуси за Адејеми и сака да му понуди 5 милиони евра годишно за 5-годишен договор.
Договорот на Адејеми со Салцбург е до 30 јуни 2024 година. Според Transfermarkt, пазарната вредност на играчот е 20 милиони евра.