Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш проговори за своите цели во англискиот тим.
„Многу сум задоволен од времето поминато во клубот. Отсекогаш сум велел дека е кошмар да не се освои титула за овој клуб, затоа што навистина го посакувам тоа. Сакам да го сторам тоа за себе, но и затоа што мислам дека клубот го заслужува тоа, навивачите го заслужуваат тоа – и таков клуб не треба да биде толку долго без трофеи. Пред две недели имавме две шанси да освоиме трофеј, а сега има само една шанса. Мора да се бориме за ова и да се бориме за нашето место во Премиер лигата да завршиме што повисоко“, изјави Португалецот за веб страната на Манчестер Јунајтед.