Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ги демантираше наводите во медиумите дека има поделеност во тимот бидејќи Кристијано Роналдо сака да биде лидер во соблекувалната.
„Дали само се обидувате да смислите нешто? Престанете да барате поделба, ве молам“, напиша Рашфорд на Твитер профилот.
„Црвените ѓаволи“ се на четвртото место во Премиер лигата со 43 бода. Тие в недела ќе гостуваат кај Лидс.