Тренерот на Барселона, Чави, по вчерашниот меч со Наполи во плеј-офот од ЛЕ, вели дека не е задоволен само од реализацијата.
„Мислам дека единственото нешто што ни недостасуваше беше реализацијата. Бевме добри под висок притисок. Чувствата се многу добри, но резултатот е нерешен. Резултатот требаше да биде победа и, искрено, барем со неколку голови разлика. Игравме добро, но играме во Лигата на Европа. Не се работи за чувството, туку за резултати, но играта навистина беше одлична“, изјавил Чави.