Тенискиот турнир во Санкт Петербург годинава е преместен во Нур-Султан (Казахстан), објави АТП. Причините за промената не се соопштуваат иако може да се претпостават по целата ситуација меѓу Русија и Украина и вооружениот конфликт кој започна денеска.
Турнирот во категоријата АТП 250 ќе се одигра од 19 до 25 септември. Собирот во Санкт Петербург се одржува од 1995 година а во 2021 година шампион беше Хрватот. Марин Чилиќ. Одлуката на организаторите натпреварувањето од Санкт Петербург да се пресели во Нур-Султан не е изненадување, коментира за ТАСС претседателот на Руската тениска федерација, Шамил Тарпишчев.
„Одлуката е донесена многу одамна. Не беше изненадување“ – рече Тарпишчев.