Менаџерот на Евертон, Френк Лампард беше лут на ВАР судијата за спорната ситуација на крајот на последниот меч против Манчестер Сити, откако судијата не покажа на белата точка.
„Имам 3-годишна ќерка која може да ви каже дека е пенал“, рече Лампард.
„Изгубивме бод поради професионалец кој не може да си ја заврши работата. Виновникот е Крис Кавана од ВАР. Во најдобар случај, зборуваме за недостаток на компетентност од негова страна. И што е тоа во најлош случај? За време на натпреварот главниот судија Пол Тиерни изјави дека прво не ја гледал ситуацијата, поради што ВАР го гледал минута и пол. Самиот Тирни знаеше дека е пенал, но не го видел. После тоа, одговорноста му ја префрли на Кавана во ВАР собата“, вели Лампард.