Поради обилните снежни врнежи кои ја зафатија Македонија синоќа, еден од денешните планирани мечеви во новото коло од ПМФЛ нема да се одигра.
Станува збор за дуелот во Битола меѓу Пелистер и Ренова кој е одложен поради тоа што нема услови на теренот на стадионот во Битола. Овој меч од 21. коло како и останатите беше планиран денеска во 14 часот.
Во текот на денот Пелистер треба да се изјаснат дали ќе може да го оспособат теренот за утре или пак ќе пријават некој друг стадион за мечот со Ренова.

