Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ригоберг Сонг е нов селектор на Камерун
    Фудбал

    Ригоберг Сонг е нов селектор на Камерун

    risteBy riste01/03/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ригоберт Сонг е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Камерун, објави Ројтерс. Поранешниот капитен на оваа репрезентација  го наследува Тони Консеисао, а промената доаѓа на само три недели пред клучниот натпревар од плеј-офот за пласман на СП 2022 против Алжир.

    Првиот натпревар е на 25 март, а реваншот е на 29 март. 45-годишниот Сонг има 137 настапи за репрезентацијата на Камерун, која учествуваше на четири Светски првенства и на осум турнири на Африканскиот куп на нации. Досега беше тренер на младинската репрезентација на земјата до 23 години. Ригоберг Сонг во својата фудбалска кариера има настапувано за англиски Ливерпул и Вест Хем, како и за клубови од Франција, Германија, Италија и Турција.

    Тони Консеисао го предводеше Камерун до бронзен медал на Африканскиот куп на нации на почетокот на февруари, но фудбалската федерација на оваа земја не беше задоволна и реши да ја прекине соработката со португалскиот стручњак.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.