Барселона е подготвена да го продолжи договорот со напаѓачот Осман Дембеле, објавија медиумите во Каталонија. Според истите, клубот веќе му понудил на напаѓачот договор до 2024 година.
Според овој договор, Французинот ќе добива 8 милиони евра годишно. Договорот ќе вклучува и специјални бонуси. Претходно се дозна дека напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле му ветил на тренерот на клубот Чави дека ќе продолжи да дава максимум за Барселона.
Од друга страна Чави се сретнал со играчот за да разговара со него за изгледите за понатамошна соработка. Како резултат на тоа, тренерот му изразил поддршка на Французинот. Да потсетиме дека договорот на Дембеле со Барселона истекува следното лето. Претходно Французинот одби да го обнови договорот со Каталонците.