По синоќешниот пораз од Реал (М) и елиминацијата во осминафиналето на ЛШ, преставниците на ПСЖ им се нафрлиле на судиите предводени од холандскиот арбитар Дани Макели.
Според некои од водечките светски медиуми, сопственикот на клубот, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Леонардо по натпреварот отишле во соблекувалните да се пресметаат со судиите, но по многу дискусија и закани, обезбедувањето успеало да ги спречи да направат поголем инцидент.
За ПСЖ ова е уште еден удар и сезона во која ќе останат без трофеј во Лигата на шампионите, без разлика на огромните пари што ги вложуваат во клубот.