Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, се наврати на победата против Тотенхем и трите гола на Кристијано Роналдо.
„Го одигравме веројатно најдобриот меч во сезонава. Противникот покажа голем квалитет. Роналдо беше подготвен и затоа играше од првата минута“ – вели Германецот на клупата на „црвените ѓаволи“.
Неговиот тим успеа да слави против „спарси“ со 3 спрема 2 благодарение на хет-трикот на Португалецот.