Денеска со ждрепка беа одредени и двојките за четвртфиналето во Лигата на Европа. Во Нион беа одредени четвртфиналните двојки каде најмногу внимание секако приреди Барселона, која треба да се подготвува за пресметка со германски Ајнтрахт (Ф).
Другиот германски тим, РБ Лајпциг ќе се соочи со италијанска Аталанта, додека Вест Хем ќе се соочи со Олимпик Лион во уште една непредвидлива пресметка.
Во последното четвртфинале Спортинг Брага, за противник го доби шкотски Ренџерс.
Четвртфиналните дуели ќе се играат на 7 и 14 април, а полуфиналните на 28 април и 5 мај.