Македонскиот фудбалски репрезентативец, Адис Јаховиќ , поради повреда отпадна од списокот за дуелот со Италија (24.март) и евентуалниот завршен бараж за СП против подобриот од мечот Турција-Португалија.
Фудбалерот на Гезтепе почуствувал болка во тетивата на денешниот првенствен натпревар од турското првенство а лекарските прегледи потврдија дека не е во можност да игра.
Затоа селекторот, Благоја Милевски, веднаш прати повик до Ердон Даци кој настапува за белгискиот Вестерло.