Фудбалерите на Реал Мадрид и на Барселона доцна вечер од 21.00 часот на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ ќе го одиграат дербито на Примера Дивизион. Пред така нареченото – „ЕЛ Класико“ , тренерот на Каталонците, Чави, имаше интересна изјава.
„Реал Мадрид е како камелеон, не се знае како ќе игра. Не знаете дали ќе ве притиска горе или ќе игра на контри. Не знаеме што не чека“ – вели тренерот на Барса.
„Ќе кажам дека Реал е фаворит бидејќи игра на домашен терен и е лидер во првенството“ – нагласи Чави.

