Кристијан Станојковски од пинг-понгарски клуб “Крива Паланка 2007” по единаесетти пат ја освои титулата државен првак во сениорска конкуренција.
„Задоволство е да се одбрани титулата по десетти пати по освојувањето на неполни шеснаесет години. Благодарност до моите соиграчи од матичниот клуб „Крива Паланка 2007” и тренерот Мартин Стаменковски“- изјави Станојковски.
Тој во изминатата сезона поради пандемијата со Кови-19 се определи да го напушти германскиот состав Мајнц и да се врати во татковината.