Ждрепката за групната фаза на Светското првенство во Катар ќе биде извлечена денеска во главниот град – Доха. Шампионатот ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.
На настанот ќе настапат легендите на светскиот фудбал Лотар Матеус, Кафу, Џеј Џеј Окоча, Али Даеи, Бора Милутиновиќ, Тим Кејхил и други.Екипите ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи. Тројцата последни учесници ќе се дознаат по завршување на баражите. Еве како се поставени селекциите според рејтингот.
Во првата група се: Катар, Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија, Португалија. Во втората: Мексико, САД, Холандија, Данска, Германија, Уругвај, Швајцарија, Хрватска. Од третата група ќе бидат извлечени: Сенегал, Иран, Јапонија, Мароко, Србија, Полска, Јужна Кореја, Тунис. Од четвртата по квалитет доаѓаат: Канада, Камерун, Еквадор, Саудиска Арабија и Гана. Тука ќе има уште три селекции бидејќи Велс допрва ќе се сретне со победникот од мечот Шкотска / Украина, Костарика ќе игра со Нов Зеланд додека Перу исто така го чека победникот од дуелот Австралија / ОАЕ.