Белгискиот офанзивен играч за врска на Реал Мадрид, Еден Азар најверојатно ќе го напушти клубот на лето со позајмица.
Според весникот „АС“, мадридскиот клуб веќе бара опции за настап на фудбалерот. Азар беше надвор од комбинација од страна на селекторот Роберто Мартинез за репрезентацијата на Белгија поради недостиг на одиграни натпревари. Оваа една од причините за промена на клубот.
Претходно беше објавено дека Азар ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда. Операцијата за отстранување на плочата за остеосинтеза на десната фибула беше успешна. 31-годишниот Азар веќе го започна процесот на опоравување.
Да потсетиме дека во 2019 година Азар се пресели во Реал Мадрид за 115 милиони евра.Сезонава на 17 натпревари од шпанското првенство даде 1 асистенција. Претходно имаше информации дека Азар сака да го напушти Реал Мадрид. Договорот помеѓу тимот и играчот е до летото 2024 година.