Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во клубот.
„Би сакал засекогаш да останам во Манчестер Сити, но нема да го сторам тоа. Нема подобро место за мене. Можам да го продолжам договорот на нови10 години, но тоа нема да се случи. Гласините дека репрезентацијата на Бразил е заинтересирана за мене? Имам договор, среќен сум во мојот клуб. Не знам од каде доаѓаат овие гласини“, изјави Гвардиола за Sky Sports.
Гвардиола го презеде Манчестер Сити во јули 2016 година.