Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ се трите екипи кои водат во битката за потписот на напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез. Тренерот на Бенфика, Нелсон Верисимо, ги известил преставниците на клубовите дека португалскиот клуб нема да го продаде напаѓачот за помалку од 127 милиони евра.
Според изворот, португалскиот клуб не сака ни помалку ни повеќе за 22-годишниот фудбалер, отколку што доби од Атлетико Мадрид за трансферот на напаѓачот Жоао Феликс во 2019 година. Бенфика не се сомнева дека трансферот на Нуњес ќе биде скап и нема да брза да го продаде оваа година.