УЕФА денеска ги објави датумите за одигрување на последните бараж дуели за последното слободно место за европска репрезентација на СП во Катар. Шкотска мора да ја пречека Украина на Хемпден Парк во последното полуфинале на Светското првенство во 2022 година на 1 јуни. Судирот беше закажан за 24 март, но беше одложен поради руската инвазија на Украина.
Победникот ќе се сретне во финалето со Велс четири дена подоцна на 5 јуни. Овој судир ќе се одржи во Кардиф.
Една од овие три селекции ќе биде последниот учесник во групата Б на Светското првенство во која се Англија, САД и Иран.