Голманот Кејлор Навас и напаѓачот Анхел Ди Марија се вратија на тренинзите на тимот на ПСЖ. Навас ги пропушти последните три натпревари поради повреда, додека Ди Марија отсуствуваше на последните четири.
Навас најверојатно нема да биде вклучен во составот за натпреварот од 32. коло на францускиот шампионат против Олимпик Марсеј, додека Аргентинецот треба да се најде на склупата.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј ќе се одигра утре.