Официјално, холандскиот стручњак Ерик тен Хаг е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, потврдија од клубот. Специјалистот ќе почне да работи на „Олд Трафорд“ по завршувањето на оваа сезона со договор до летото 2025 година.
„За мене е голема чест да бидам назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед и исклучително сум возбуден поради претстојниот предизвик. Ја знам историјата на овој голем клуб и страста на навивачите. Решен сум да го развијам овој тим, способен да го постигне успехот што таков клуб го заслужува“, беа првите зборови на Тен Хаг.