Откако АТП не се согласи со одлуката на Вимблдон да го забрани настапот на руските и белоруските тенисери на нивниот турнир, се порака се огласи и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
„Играчите и тренерите немаат никаква врска со тоа. Мешање политика во спорт не смее да се случи, не можам тоа да го поддржам“, изјави најдобриот светски тенисер, кој оваа недела настапува на турнирот во Белград, додавајќи:
„Секогаш ќе ја осудувам војната, нема да ја поддржам. Како воено дете знам колку трауми остава тоа, бидејќи и ние на Балканот сме имале многу војни, но не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон, таа е лудост!“