Дефанзивецот на Барселона, Дани Алвеш, вели дека Реал Мадрид имал голема среќа на стартот на сезона бидејќи Каталонците имале многу проблеми од различни аспекти и не успеале да се наметнат во трката за титулата.
„Кралевите“ кои имаат огромна бодовна предност во однос на Барса и другите конкуренти, веројатно ќе бидат и новите шампиони на Шпанија.
„Реал имаше среќа што ние доцна се разбудивме во трката за титулата и лошо ја започнавме сезоната“ – потенцираше Бразилецот.