Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг проговори на темата за договор со тимот. Договорот меѓу клубот и англискиот играч истекува на крајот на следната сезона.
„Во моментов сум среќен што играм за Манчестер Сити. Тоа е најважно. Би било себично да се зборува за каква било ситуација со договорот“, рече Стерлинг. Според одредени информации кои беа објавени, Манчестер Сити веќе започнал разговори со Стерлинг за можноста за нов договор.
27-годишниот Стерлинг му се приклучи на тимот во 2015 година. Тој оваа сезона има 41 настап во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и седум асистенции. Пазарната вредност на Стерлинг според Трансфермаркт е проценета на 85 милиони евра.