Претставници на Манчестер Сити вчера го посетиле познатиот фудбалски агент Мино Раиола во болница за да преговараат за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд.
„Граѓаните“ очекуваат да ги забрзаат преговорите за трансфер на норвешкиот фудбалер и најдоцна следниот месец трансферот да биде комплетиран. Претходно беше објавено дека Ерлинг Холанд се договорил со Манчестер Сити за петгодишен договор со плата од 600.000 евра неделно, што ќе го направи најплатен играч во Премиер лигата.

